|
Иако кафето потекнува од подрачјето на денешна Етиопија, негови први дегустатори и обожаватели биле Арапите! Тие до толку го сакале кафето што и за него почнаа да кажуваат митови дека и тешко болните луге оздравувале со него.
Оваа љубов кон кафето преминува и во Турција, кои отидоа чекор понатаму. Тие кафето го прогласија за свој национален напиток, а исто така почнале да го користат и за предвидување на иднината. Првите знаци на пророштво од талогот од каде се појавиле во 16 век кога пристигнале и првите вреќи со кафе во Истамбул, а во 1554 година била отворена и првата кафеана на Европско тло во која се служело кафе.
Потоа, пророштвото во кафе прераснало во женска забава, која во Турција е многу популарна и денес. Но, гатањето не е омилено само во Турција. Задоволството во пиењето на кафето и забавата и верувањата / неверувата во фигурите кои се покажуваат доста успешно се пренесе и на нашите простори.
Поради тоа, во продолжение следува кратко упатство за приготвување на кафе, а секако и за гатање на талогот на “турското“ кафе.
Кафето варете го во гезве, а за секоја шоља кафе подгответе една мала лажица фино мелено кафе, една лажица шеќер и полна шоља ладна вода. Празното гезве ставете го на оган, ставете го кафето и шеќерот и добро промешајте ги, на таа мешавина додадете ја ладната вода и чувајте го кафето на оган се додека не зоврие. Потоа, кафето може да го сервирате.
Откако ќе го испиете кафето, завртете ја празната шоља три пати и поставете ја со отворот надолу така што талогот подобро би се распоредил низ шољата. Додека ја вртите шољата, замислете некоја желба. По кратко време, кое е потребно да се засуши талогот, превртете ја шољата и на талогот ќе има оформено фигури.
Гледањето во кафе се започнува од рачката на шолјата и истата се врти во стрелките на часовникот. Откако ќе завршите со "Гледање во кафето" личноста на која е шољата со кафе со средниот прст на дното од шолјата остава трага и замислува желба, доколку трагата е бела желбата е доста чиста и е веројатна да се исполни, а доколку е темна таа е малку веројатна да се исполни.
Во продолжение следува значењето на некои фигури кои може да се појават:
Ангел – добри вести, среќа, голем настан за вас Авион – ќе добиете поклон за кој не се надевавте Балон – бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања Бебе – мали грижи Брег – лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите Бубачка – тешка задача ќе се постави пред вас Брод – ви претстои патување Боца – очекувајте добри вести Дете – финансиска придобивка Дланка – проблеми во фамилијата Грав – финансиски проблеми Јајце - богатство и успех Канџа – непријател Ќелава глава – голема љубов Клуч – отворање на врати, реализација на напорите, успех Коњ – снага, независност Компас – патување кој подалечна дестинација Круг – очекувајте успех Круг со точка во близина - принова во фамилиата Круг со линија во близина – вашиот труд нема да биде почитуван Круша – финансиска сигурност Квадрат – нов дом Пеперутка – флерт Лав – успех на работа Лице – некој што ве сака се грижи за вас Лисица – лажен пријател Ланец – покана за на свадба Права линија – напредок без проблеми Крива линија – неуспех Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа Мачка - расправија за кратко Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели Метла – успех на работа Мечка – добро размислете за нови одлуки Маска – опкружени сте со лицемери, непријатели Млада месечина – религиски повик Мотика – финансиска придобивка Мравка – одлучност некоја работа да се донеси до успех Наковална – деловен успех Наушница – потребно ви е внимателно објаснување Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто Овца – тешка работна задача Око – љубомора, завист Оро – големо подобрување во животот Куче – добар и приврзан пријател, верен партнер Коњ – немате сили започнатата работа да ја донесите до крај Полна месечина – љубов Палма – среќни денови во бракот Пајак – неочекувани пари Пчела – ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести Писмо – ве очекуваат добри финансиски денови Пила – препреки на работа од своите соработници Прстен – брак Рак – чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло Скинат прстен – проблеми во бракот Риба – животот ќе ви биде побогат, посреќен Рака – пријателство и фамилија Срце – љубов, верување и доверба Стебло – на пат се промени кон подобро Стол – Неочекуван гостин Слон – искрен пријател Сонце – моќ, успех Свеќа – некој ќе ви помогне да успеете Стрела – среќна и хармонична љубов Стена – мал проблем кој брзо ќе го надмините Стопало – добри вести Свиња – добивка на работа Човек со испружена рака – поклон Чадор – оговарање, озборување Чамец – работните обрврски можете сам да ги средите Чорап – оговарање, озборување Чекан - грижи Глушец – кражба, разбојништво Торба – пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете Трокут – доаѓаат промени Топка – работата повеќе не ви причинува задоволство Уво – Ќе слушнете неочекувани вести Врата – Прилика за успех Рог – внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина Волк – непријателство, љубомора, можна расправија Знаме – ве очекува опасност, подгответе се за судир Змија – внимателно, имате непријатели Змеј – коренити промени Звоно – неочекувани вести Звезда – исполнување на ваша голема желба Заб - зло Цвет – финансиска придобивка Црква - грижи Харфа – среќа во животот Шешир – мали незгоди, промени
Изразите и формите постојано ќе се надополнуваат, па слободно доколку знаете значење за некоја форма која ја немаме опфатено чувствувајте се слободни да не контактирате преку нашата контакт форма и да го напишете значењето и името на формата која сакате да се надополни во нашата колекција на форми за гледање на кафе.
|